
Миовски: Секогаш е посебно кога ќе дадам гол, со Дук сите гледаат дека уживаме!
Миовски има извонредна сезона откако летоска дојде од МТК и експресно ги собра симпатиите на сите во Шкотска, од навивачите до легендите и стручњаците, а со својот партнер во нападот Дук се најдобриот тандем на славниот шкотски клуб во последните 30 години и заедно дадоа досега во сите натпреварувања – 36 гола.
„Секогаш е посебно за мене кога ќе дадам гол, но неважно е тоа, секогаш тимот е приоритет. Четири-пет меча не дадов гол, но игравме добро. Не е секогаш најважното да дадам гол, но секако дојде во добар момент, нѐ турна таа победа кон третото место. Не е само дадањето голови, мора на тимот да му помогнеш дефанзивно, тактички, сега со Дук го делиме просторот во напад, не играм сам, кога јас играм дефанзивно тој оди погоре и обратно и одлично соработуваме“, вели Миовски.
Тој потенцира дека со неговиот партнер Дук посебо уживаат, од тренинг во тренинг напредуваат, ја развиваат нивната игра.
„Мислам дека сите гледаат дека уживаме да играме заедно со Дук, на секој тренинг разговараме, ја развиваме нашата игра,, многу подобро се разбираме од тренинг на тренинг, заедно дадовме 36 гола досега и мислам дека ќе продолжиме на овој начин. Остануваат уште пет меча, ако играме вака како досега мислам дека ќе успееме. Но, гледаме само на првиот следен меч“, додаде Миовски.

