
Министри утре со минирање ќе означат старт на изградба на Коридорот 8 кај кичевското село Горна Бањица
Ве известуваме дека утре (вторник, 12.09.2023) со почеток во 15:00ч блиску селото Горна Бањица – Кичево, Првиот потпретседател на Владата г-дин Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски г-дин Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта г-дин Ејуп Рустеми ќе присуствуваат на локацијата каде што ќе се изврши минирање со што ќе се означи почетокот на работата за изградба на Коридорот 8.
