
Министерството за здравство ги достави извештаите за Стоматолошката комора до Јавното обвинителство
Министерството за здравство информира дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавно обвинителство на РСМ за натамошно рагледување и постапување, согласно законските надлежности.
Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.02.2025 година, од 15.05 2025 и од 21.05.2025 година.
Дополнително е доставено и известување до Стоматолошката комора од 11.03.2025 година, како и списи и документација од секторот за стоматолошка здарвствена заштита.
Во однос на процедурата за добивање или продолжување лиценца на докторите по стоматологија, за што Министерството за здравство времено ги презеде надлежностите, потсетуваме дека докторите може да ја достават документацијата во архивата на Министерството за здравство, до сектор за стоматолошка здравствена заштита.