
Министерство или терен? – Министрите си играа фудбал и кошарка на работа…
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии од неговото министерство кое е претворено во терен за натпревар.
Тој заедно со министрите Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини си играа кошарка и фудбал.
Дрим тимот на Али Ахмети се опушта по долг и напорен ден, како што вели Груби.
„Дрим тим 🙂 По долг и предизвикувачки ден, антистрес за да го одбележи заедничкиот успех. Денес е голем ден, пишува „антистресираниот“ Груби.

