
МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАСИИ НА ГЕРМАНИЈА ВОЗЕШЕ „НЕВЕРА“ НА МАТЕ РИМАЦ: Линднер пофали-„Најбрзиот и „најзелениот“ автомобил на светот
Министерот за
финасии на Германија, Кристиан Линднер возеше „Невера“, електричниот автомобил
кој го произведува компанијата на хрватскиот бизнисмен Мате Римац.
Линднер, кој беше
во друштво на светски познатиот возач на Формула 1, Германецот Нико Розберг, на
својот профил на Инстаграм сподели искуство од настанот Greentech.
-За помалку од две
секунди до 100… и тоа одржливо Oваа година посетата на #Greentech фестивалот
беше навистина посебно збогатување.
Вештачка
интелигенција за управување со згради, грејачи со иновативни системи за
складирање на база на вар, автомобил со нулта емисија, е-мобилност кај
спортските и во старите автомобили… Заштитата и одржливоста на климата не
значат одрекување или забрани, туку технологија и иновации. Фестивалот
#Greentech покажува како стартапите и индустријата го ремоделираат германскиот
бизнис модел. Тоа дава храброст – и не мотивира да ја подобриме политичката
рамка, напиша Линднер.
Секако, своја
објава на Фејсбук има и Мате Римац, кому му е исклучително драго дека
германскиот министер за финасии возел негов автомобил.
-Колку што
слушнав, возел со полн гас на напуштен аеродром во Берлин, напиша Римац.
Инаку,
електричниот автомобил Невера чини само 2 милиона евра.

