Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерот за Економија Бектеши ја посети македонската компанија АТС ГРУП на водечкиот европски саем за безбедност во Париз – Милипол 2023
Македонија

Министерот за Економија Бектеши ја посети македонската компанија АТС ГРУП на водечкиот европски саем за безбедност во Париз – Милипол 2023

16/11/2023

AA

На саемот во Париз, Милипол 2023 единствената македонска компанија АТС Груп беше домаќин на Министерот за економија г-дин Бектеши и заменик министерот за внатрешни работи г-дин Буши. Министрите ги пречека сопственикот на групацијата г-дин Демировски заедно со неговиот тим.

„Големо задоволство е со заменик министерот г-дин Буши и со сопственикот на групацијата АТС г-дин Демировски да присуствуваме денес на овој многу значаен саем на наменското производство, односно саем за производи кои важни се за одбраната и безбедноста. Само што имавме прилика да направиме обиколка на саемот и веднаш забележавме дека од регионот АТС е единствена компанија што ја претставува нашата држава со толку голем изложбен простор, тоа покажува дека и во Северна Македонија имаме успешни компании кои не се само што генерираат нови работни места, туку и во делот на иновациите прават одлична реклама за државата. Компании како АТС треба целосно да бидат поддржани од државата за да можат да се развиваат, а нивните идеи и искуство да бидат применети во засилување на капацитетите во државата во производство на производи за потребите на нашата полиција и нашата одбрана како дел од НАТО алијансата.“ – изјави министерот за економија г-дин Бектеши.

АТС ГРУП со седиште во Скопје e модерна македонска корпорација составена од три компании, од кои две во Скопје и една во Самоков со повеќе од 500 вработени и 40 годишно искуство. Истите работат по највисоки стандарди и произведуваат широк асортиман на квалитетни производи познати во светски рамки, и за кои компанијата имаат добиено бројни награди и признанија. АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност.

Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy