
Министерот Тошковски потпиша аранжман со кој Македонија се приклучува кон Европската мрежа за миграција на Европската унија
Делегација предводена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска и утре (28-29 октомври) во Будва, Црна Гора учествува на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи. Главни теми на разговор на форумот, на кои свое обраќање имаше министерот Тошковски, се борбата против транснационалниот организиран криминал и недозволената трговија со дрога и луѓе, […]