
Министерот Николовски на Скопскиот маратон: За саат и 47 минути истрча 21 километар
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска трчаше на Виз Ер Скопски маратон.
Тој се пофали на својот Фејсбук профил дека истрчал 21 километар за 1 час и 47 минути.
„Со истрчани 21 километар за 1час и 47 мин. финиширав на денешниот маратон #WizzAirSkopski Maraton. Пријателска, натпреварувачка и позитивна атмосфера, а поддршката од громогласните навивачи допринесоа денот да биде уште поубав. Честитики до сите учесници и одличната организација“, напиша Николовски.
