Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ ЗА КРЕДИТОТ ОД УНГАРИЈА: Тоа се најдобрите услови што можат да се добијат, три години нема да враќаме ништо
Економија

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ ЗА КРЕДИТОТ ОД УНГАРИЈА: Тоа се најдобрите услови што можат да се добијат, три години нема да враќаме ништо

12/07/2024

AA

Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски, во врска со кредитот од 500 милиони евра кој го најави премиерот Христијан Мицкоски од Унгарија вчера од Вашингтон, вели дека станува збор за најдобрите услови кои што можат да се добијат. Тој вели дека граѓаните треба да размислат дали било кој може вакви услови да добие од било која банка.

„Позајмицата е во износ од 500 милиони евра  и тоа е голема сума, имаме три години грејс период што значи во тие три години не враќаме ништо. Вкупен рок за отплата се 15 години и каматата е само 3,25 отсто, што е историски најниска камата“, рече Николоски во разговор за емисија на Алфа телевизија.

Тој смета дека уште поважно е тоа што со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините коишто доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.

„Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините. Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна и развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ“, објасни министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy