Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел
Македонија

Министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел

04/04/2025

AA

Учество на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски  на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

На покана на генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија.

Состанокот претставува добра можност министрите заеднички и во поширок формат да се осврнат на актуелните безбедносни случувања кои имаат импликации за европскиот континент и пошироко.

Фокусот на првиот ден од состанокот беше ставен на состојбите поврзани со руската агресија врз Украина, при што беше реафирмирана силната поддршка за дипломатските напори предводени од САД за постигнување прекин на огнот и траен, долгорочен мир преку политички дијалог и почитување на меѓународното право.

Министрите разговараа и за потребата од зголемување на издвојувањата во областа на одбраната, како и зајакнување на капацитетите и способностите на НАТО за градење колективна безбедност и одбрана, со цел ефективен одговор на заедничките закани и предизвици.

Особено беше нагласен фокусот на Алијансата врз Западен Балкан, како важен елемент за обезбедување на регионалната, но и на севкупната европска безбедност и стабилност.

Во време на сложени геополитички услови, кои носат широки безбедносни предизвици, министерот Муцунски ја нагласи важноста од одржувањето на единството меѓу сојузниците како столб на заедничката безбедност, значаен за заштитата на заедничките вредности.

Во оваа насока, тој ја потенцира и важноста на нашиот регион како простор од стратешко значење и за НАТО и за Европската Унија, со потреба да остане високо на агендата на двете организации. Притоа, побара зголемено внимание и стратешки пристап, особено во контекст на напорите на земјите од регионот за реализација на нивните европски и евро-атлантски аспирации преку брза имплементација на интегративните процеси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy