
МИНИСТЕРКАТА ЗА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА: Некое семејство може да троши и 18 литри млеко месечно, но има и такви што не пијат воопшто
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги коментира трошоците за живот и минималната потрошувачка кошничка.
Вели дека не секое семејство во земјава троши исто количество на основни прехранбени производи.
„Некое семејство може да троши и 18 литри млеко месечно, но има и такви што не пијат млеко воопшто“, рече министерката.
Објасни дека нејзиното четиричлено семејство купува замрзнат грашок од поевтините маркети, а не поскапи варијанти кои надминуваат 100 денари за иста грамажа.
Министерката нагласи дека според податоците од последниот попис, просечното семејство во земјава брои три, а не четири члена.
Прашање на оваа тема, министерката доби од пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Инаку, Петровска имаше поинакво мислење од министерката.
Претходно и премиерот Христијан Мицкоски тврдеше дека во кошничката има цигари, нес кафе и дека некои производи се чудни.
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и зголемена е за 521 денар во однос на јануари. Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и зголемена е за 521 денар во однос на јануари.