Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерката Петровска на дебатата „Иднината на НАТО и Балканот: Искуства од Естонија”: само заедно и здружени можеме да се избориме со хибридните закани
Македонија

Министерката Петровска на дебатата „Иднината на НАТО и Балканот: Искуства од Естонија”: само заедно и здружени можеме да се избориме со хибридните закани

29/02/2024

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на дебата насловена „Иднината на НАТО и Балканот: Искуства од Естонија” на која стана збор за пренесените естонски искуства во време на руската инвазија на Украина, потребата од заедништво во справувањето со хибридните закани и зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО како Алијанса базирана на вредности и принципи.

 

Петровска во своето излагање се осврна на хибридните закани со кои се соочуваат сите земји од регионот и Алијансата, при што порача дека само ако сме координирани и заеднички изградиме општества отпорни на дезинформации, можеме да се справиме со оваа хибридна закана.

 

„Свесни сме за хибридните активности на Русија во нашата земја. Нивната цел е да ги прикажат институциите како ранливи и нефункционални, на тој начин намалувајќи ја довербата на граѓаните во нив. Најдобриот одговор на оваа закана, која ги вклучува и дезинформациските кампањи е нашите општества да изградат силна колективна отпорност“, рече министерката. Додаде дека институционалната отвореност и транспарентност е исто така значаен инструмент во борбата со дезинформациите, посочувајќи го Министерството за одбрана како добар пример имајќи предвид дека е институција со највисока активна транспарентност и отвореност.

 

Во однос на членството во НАТО, Петровска посочи на храбрата одлука во 2018 година која овозможи државата да стане полноправна членка на НАТО за која рече дека е најдобрата инвестиција во безбедноста на земјата и на граѓаните.

 

Петровска се осврна и на дискусиите на последниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, при што укажа на единството во Алијансата, целосната посветеност кон јакнењето на колективната безбедност и на јасната поддршка на земјите-членки за Украина, земјата која има полно право да ја одбрани својата сувереност и својот територијален интегритет.

 

На прашање поврзано со регионалната соработка, министерката Петровска рече дека таа е клучна во процесот на интеграција на регионот и додаде дека Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО. Го повтори ставот дека евроинтеграциските процеси се и безбедносно прашање, укажувајќи на тоа дека интеграцијата на земјите од регионот во Европската Унија е процес кон кој сите целиме и прашање кое нè зближува.

 

„Повеќе од потребно е политичките структури во земјите од регионот да носат тешки, но правилни одлуки за забрзување на интегративните процеси. Сите ние имаме слично минато, а иднината ни е заедничка“, заклучи Петровска.

 

На дебатата се обратија и ко-директорите на проектот, Сашо Орданоски и Едвард Џозеф, како и Томас Јермалавичиус од Меѓународниот центар за одбрана и безбедност од Естонија, како и неколку реномирани новинари кои како дел од проектот во Естонија беа запознаени со искуствата на оваа земја во справувањето со руските дезинформациски кампањи и влијанијата од руската агресија врз Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy