
Минимум 12 трактори би биле потребни за да се изнесе земјата од ископаниот тунел во Идризово
Минимум 12 трактори би биле потребни за да се изнесе земјата од ископаниот тунел во Идризово.
Оваа проценка ја истакна директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ, во Топ Тема на Телма.
Тој се согласува дека многу земја е ископана од тунелот што го копале за бегство затворениците во КПУ Идризово. Засега не е јасно каде завршувала земјата, но Стојановиќ се сомнева дека постепено е фрлана во кеси во депонијата во близина, а потоа со ѓубретарка изнесувана надвор од затворот.
„Минимум 12 трактори би биле потребни. Претпоставувам не е направено во еден месец, туку процесот траел подолг период. Таму нема покриеност на затворската полиција, нема затворски полицаец да ги надгледува осудениците. Факт е дека затворот има слаба екипираност, тоа е слабоста“ – рече Стојановиќ во Топ Тема на Телма.