Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Mинималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто следнава година
Македонија

Mинималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто следнава година

21/09/2023

AA

На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Инфлацијата во делот на прехраната би требало да биде околу 5 – 6 отсто, а генералната, рече Бектеши, од 7 – 8 проценти.

Според него, почнувајќи од јули годинава, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата.

-Согласно сите податоци и методологијата утврдена од страна на Владата за зголемување на платите, почнувајќи од минималната плата, на почетокот на наредната година согласно сите податоци и тие што ги имаме како институции, минималната плата ќе се зголеми со минимум 10 отсто, пошто имаме 14 проценти зголемување на просечната плата. Инфлацијата би требало да биде околу 5 – 6 отстово делот на прехраната, а генералната од 7 – 8 проценти. На таков начин, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата, почнувајќи од јули годинава. Зголемувањето ќе биде уште поголемо до крајот на годината и со одлуките на Владата, но и со праксите и начините како работат посебно поголемите маркети, истакна Бектеши.

Министерот укажа на последната објава од Заводот за статистика според која, просечната плата е зголемена за 14,1 отсто во споредба со јули минатата година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy