
Минималната кошница за февруари 2026 изнесува 67.382 денари: Повисоки трошоци за семејствата, зголемување од 969 денари
ССМ објави дека вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година изнесува 67.382 денари. Ова претставува зголемување од 969 денари во споредба со јануари 2026 година, кога синдикалната минимална кошница изнесуваше 66.413 денари.
Доколку се земе предвид изнајмен стан од 60 квадратни метри, трошокот за месец февруари изнесува 82.757 денари.
Сојузот на синдикатите на Македонија истакнува дека оваа информација ја прикажува минималната потреба на семејствата за покривање на основните трошоци за живот.
