
Минималецот им скокна на 4.000 евра и пак не се задоволни
Швајцарски градови го покачија минималецот на 4.000 евра, но пак има незадоволство.
Цирих и Винтертур воведуваат минимална плата која ќе изнесува околу 4.000 швајцарски франци месечно или околу 4.075 евра, објави „Јутарњи“. Околу 70 отсто од граѓаните во Цирих ја поддржаа одлуката за зголемување на минималната плата, а во Винтертур поддршката е нешто помала – 65,6 отсто. Имаше и политички партии кои не беа задоволни.
„Во Цирих СВП, ФДП, ГЛП и центарот се бореа против воведувањето на минималната плата“, вели Перпарим Авдили, претседател на ФДП на градот Цирих, кој е разочаран од резултатот.
Тој вели дека на овој начин не може да се бори против сиромаштијата. Наместо тоа, се изгради бирократија и додава дека таквата одлука секако не придонесува Цирих да стане поатрактивен како деловна дестинација.
Минималецот во Германија е 2,7 пати помал отколку во овие два швајцарски града. Притоа, оваа минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која изнесува 3.810 евра. Во Европската Унија, Луксембург е земја со високи плати и висок минималец.
