Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Минералите се клучен фактор во безбедносната политика – ќе се отвори ли патот за нови истражувања и рудници?
Македонија

Минералите се клучен фактор во безбедносната политика – ќе се отвори ли патот за нови истражувања и рудници?

13/06/2025

AA

Може ли да се очекува македонското рударство да се приклучи во остварувањето на
целите на Европската Унија за енергетска независност?! Брисел засилено започна да
трага и да ископува критични минерални суровини, кои се неопходни за да се постигне зелената транзиција. За оваа цел беше изготвена листа на повеќе минерали, како литиум, бакар, кобалт и други, со кои досега Унијата во голем обем се снабдуваше од трети земји. Сепак, ЕУ на почетокот на годинава најави 47 нови стратешки проекти, меѓу кои и голем број на рудници, во 13 земји-членки: Белгија, Франција, Италија, Германија, Шпанија, Естонија, Чешка, Грција, Шведска, Финска, Португалија, Полска и Романија. Но, оваа листа неодамна беше надополнета. На почетокот на јуни, беше објавено дека Унијата ќе финансира нови 13 стратешки проекти за повеќе метали, но во земји кои не се членки. Брисел реши да поддржи рудници во Велика Британија, Канада, Гренланд, Казахстан, Норвешка, Србија, Украина, Замбија, Нова Каледонија, Бразил, Мадагаскар, Малави и Јужна Африка.

-Ниту една земја не треба да ги држи клучевите за европската иднина за чиста
енергија. Мора да ја намалиме нашата зависност од сите земји, особено од голем број
земји како што е Кина. Во меѓувреме, забраните за извоз ја зголемуваат нашата волја
за диверзификација“, изјави еврокомесарот за индустрија и внатрешен пазар, Тиери
Бретон, за време на објавата.

Во меѓувреме, активно се работи на национална Стратегија за минералните суровини
2025-2045, чија финална верзија и усвојување наскоро се очекува. На неа работеше
тим од Македонската академија на науките и уметностите.

-Македонија во моментот не е силно развиена рударска земја и нејзината визија за
развој треба да се однесува на тоа да го зајакне овој сектор од стопанството и да
искористи што поголем дел од своите природни ресурси, односно природни минерални
богатства. Со одржливо користење на сите природни минерални богатства, а во
хармонија со еколошките, културните и природните вредности, можеме да создадеме
работни места низ цела Македонија. Македонија не само што има ресурси во форма
на руда и минерали, туку има и рамка во форма на цврста и недвосмислена еколошка
законска регулатива, силна клима за иновации, таа треба да има и отвореност во
однос на нашите геолошки ресурси, истражувањата да бидат на високо ниво и да има
добро образована работна сила, се нагласува во првичната нацрт верзија на
Стратегија.

Понатаму во текстот се напоменува дека Македонија може да има клучнa улога во
исполнувањето на целите од Зелената агенда и препорачува да се стимулираат
геолошки истражувања.

-Република Северна Македонија има особено значење како производител на метали
како што се олово-цинк, бакар и никел и игра значајна улога во поширокиот европски,
па и светски контекст како клучен извор на овие критични минерали во регионот.
Всушност Република Северна Македонија е најдобро рангирана на светско ниво од
сите држави во регионот и тоа за бакар, олово и цинк, а исто така добро е рангирана и
за сребро и гипс, се додава во нацртот на Стратегијата.

Инаку, фактите говорат дека во изминатите 40 години во земјата не е отворен нов
рудник, а од година во година уделот на рударството во индустриското производство е
се помал. Македонија може да се пофали дека има минерали, особено бакар, но

проектите за нови рудници се блокирани. Последно, тоа се случи со инвестицијата на
„Еуромакс ресоурцес“ во проектот за рудник за бакар во Иловица. Претходно, не се
реализираа иницијативите за рудник за бакар на Кожуф на канадската фирма
„Резервоар минералс“ и за рудникот за бакар во Казандол на англиско-украинскиот
конзорциум Сардич.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОГОВОРОТ ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ Е ДОКАЗ ЗА ДИЈАЛОГ Над 11.000

11/02/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ОБЛАЧНОТО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ За викендот е најавено заладување

11/02/2026
Македонија

„СЈО БЕШЕ ВИСТИНСКО ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ“ Никола Груевски бара независна истрага

10/02/2026
Македонија

„НИШТО СТРАШНО, ШАРА СЕ ИЗВИШУВА“: Професорот Милевски смирува по земјотресот

10/02/2026
Македонија

„Силен потрес“: Што значи магнитуда од 5 степени? – Се

10/02/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,8 СТЕПЕНИ ГИ ВОЗНЕМИРИ ГРАЃАНИТЕ Епицентарот е на

10/02/2026
Македонија

Скопските сеизмолози со први информации за земјотресот: Во Тетово и

10/02/2026
Македонија

4,9 степени по Рихтер! Силен земјотрес почувствуван низ Македонија

10/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41311
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОГОВОРОТ ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ Е ДОКАЗ ЗА ДИЈАЛОГ Над 11.000 административци ќе добијат покачување

11/02/2026

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител телевизија, изјави дека Владата со

ПРОДОЛЖУВА ОБЛАЧНОТО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ За викендот е најавено заладување

11/02/2026

Времето во среда, 11 февруари, ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи

„СЈО БЕШЕ ВИСТИНСКО ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ“ Никола Груевски бара независна истрага за гревовите на екипата на

10/02/2026

СЈО беше вистинско „злосторничко здружение“, тврди поранешниот премиер Никола Груевски, повикувајќи се на исказите на поранешната обвинителка Лејла Кадриу во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy