Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Минатата година декември бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив
Македонија

Минатата година декември бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив

08/02/2026

AA

Декември 2025 година се вбројува меѓу потоплите и посуви зимски месеци во Македонија, покажуваат официјалните мерења и анализи на Управата за хидрометеоролошки работи. Податоците укажуваат на значајни отстапувања од долгорочните климатски просеци, особено во делот на врнежите.

Во споредба со просечните средномесечни температури за декември во референтниот период 1991–2020 година, минатиот декември бил потопол за 1,3 степени Целзиусови на ниво на држава. Истовремено, количината на врнежи била значително пониска од вообичаената, при што месечната сума изнесувала околу 50 проценти од просекот, кој за овој период изнесува 65 милиметри.

Според карактеризацијата на УХМР, декември 2025 година во поголемиот дел од земјата се оценува како нормално до топол месец, со исклучок на Маврово, каде што температурите биле значително над просекот за овој дел од годината. Во југоисточниот дел од државата врнежите биле околу просечните вредности, додека во западниот и централниот регион месецот бил сушен, а во Крива Паланка и Охрид многу сушен.

Средномесечните температури се движеле од 1,8 степени Целзиусови во Маврово до 6,9 степени во Гевгелија. Највисоката измерена максимална температура во текот на месецот изнесувала 16,7 степени и е регистрирана на 11 декември во Гевгелија. Најниската минимална температура е измерена на 31 декември во Маврово, кога живата во термометарот се спуштила до -11,5 степени.

Што се однесува до врнежите, месечните количини во државата значително варирале – од само 10 милиметри во Охрид до 101 милиметар во Гевгелија. Врнежите биле во форма на дожд и снег, а најголемото дневно количество од 36 милиметри е измерено на 25 декември во Гевгелија. Највисоката дневна снежна покривка, од 16 сантиметри, е регистрирана на 8 декември во Маврово.

Анализите на метеоролошките податоци укажуваат дека и почетокот на зимата 2025/2026 година се одвивал со изразени температурни и врнежни отстапувања, што дополнително го потврдува трендот на почести климатски варијации во земјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy