Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милошоски: Во Македонија постои реално оправдана разочараност од односот на ЕУ
Македонија

Милошоски: Во Македонија постои реално оправдана разочараност од односот на ЕУ

17/02/2025

AA

Во Македонија постои оправдана разочараност од односот на Европската унија (ЕУ) во поглед на процесот на интегрирање, оценува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски. Тој истакна дека иако процесот на преговори е важен, многу повеќе значајни се крајот и целта на тој процес, односно, што ќе се случи по започнувањето на преговорите.

„Превземената обврска на претходната влада, доколку има можност да се менаџира, би било рационално истата да се менаџира со предвидливост на патот до конечната цел а тоа се европските интеграции. Во Македонија постои реално оправдана разочараност од односот на ЕУ. Веќе еднаш имавме уставни измени за името, и лошите искуства се доволно силни аргументи, Македонија со право да побара одредена извесност за патот кон ЕУ, бидејќи гледаме дека ЕУ не говори со еден глас. Нема сериозна визија за Западниот Балкан и времетраењето на зачленувањето и проширувањето на овие земји”, изјави Милошоски.

Тој нагласи дека за Македонија би било наивно да прави нови уставни измени за да се соочи со уште едно неисполнето ветување. Според него, земјата веќе неколкупати е подложена на ветувања од страна на ЕУ, кои не биле исполнети, а самите уставни измени не ја приближиле Македонија до почеток на преговорите за членство.

„Сметам дека одложеното дејство е рационален аргумент кој би можел да биде поттик за Македонија да се интегрира, Бугарија да не блокира а ЕУ да го менаџира тој процес до конечната цел“, додаде Милошоски.

Во однос на проширувањето на ЕУ, Милошоски истакна дека во последните десет години не постоела сериозна визија за проширување и дека тоа станало фраза која често се повторува, без реални геополитички одлуки што би воделе до проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан.

Како пример, тој се потсети на изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос, која не ја спомена можноста за полноправни членки од Западен Балкан во ЕУ. Милошоски ја оцени оваа изјава како индикатор дека во самата ЕУ нема консензус за тоа дали, кога и до кое ниво ќе се случи следното проширување на Унијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy