Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милошоски: Техничка влада со човек како Талат Џафери ќе се движи кон лоши избори и изборни манипулации ако ги оставиш сами
Македонија

Милошоски: Техничка влада со човек како Талат Џафери ќе се движи кон лоши избори и изборни манипулации ако ги оставиш сами

14/12/2023

AA

„Партиските тела се уште не одлучувале на оваа тема, веројатно во следните неколку дена би требало да се заседава и да се расправа за кои се аргументите, кои се за и кои се против“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на централниот дневник на МРТ каде што беше запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада.

„Инаку според законот за техничка влада која што би имала мандат само да спроведува избори, опозицијата би требало да номинира министер за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика, и тројца заменици во министерството за финансии, во министерството за информатичко општество и администрација, и во министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство“, рече Милошоски.

Тој додаде дека техничка влада со човек како Талат Џафери Македонија ќе се движи кон лоши избори и изборни манипулации ако ги оставиш сами.

„Јас ќе го кажам моето лично мислење бидејќи Владата според договорот на ДУИ – СДС ќе ја предводи Талат Џафери во овој технички предизборен период, сметам дека тој е човек, политичар кој што многупати во Собранието го погази собранискиот Деловник. Тој многупати закони што немаа врска со ЕУ ги ставаше со европско знаменце само за да угоди на некои интереси на некои бизнис групи во ДУИ или во СДС. И со таков човек којшто ќе ја предводи Владата доколку ги оставите сами мислам дека Македонија ќе се движи кон лоши избори и изборни манипулации“, заклучи тој.

Тој посочи дека според него опозицијата треба да номинира министри и заменици министри во техничката влада се со цел да падне побрзо владата на СДС и ДУИ.

„Затоа сметам дека би било поодговорно опозицијата дан номинира министри и заменици министри во техничката влада за изборите, не со цел да ја легитимира владата туку со цел побрзо да падне владата на ДУИ и СДС“, појасни Милошоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy