Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милошоски: ДЗР на владата и го укажал проблемот решение со ФЗО уште во 2021 година, владата не ги следи извештаите на државните институции
Македонија

Милошоски: ДЗР на владата и го укажал проблемот решение со ФЗО уште во 2021 година, владата не ги следи извештаите на државните институции

20/02/2023

AA

Ќе посочам на еден пример колку оваа влада не ги следи извештаите од државните институции, но очигледно приоритетите се други поврзани со провизии и тендери. Денес зборуваме за разрешување на министер за информатичко општество, а Македонија се соочува со најголемиот проблем во изминативе 35 години со кој за жал се докажува дека сме најназадни во државните институции во информатичкото општество, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница,

Тој истакна дека тука се засегнати 2 милиони осигуреници во примерот со ФЗО, а владата била навреме предупредена од Државниот завод за ревизија.

– ДЗР има доставено извештаи и до Собранието и до владата, се надевам премиерот наоѓа време да ги чита, каде што е наведено дека една од главните слабост на ФЗО е слабост во функционирање на ИТ системот. Пред се во делот на континуиран недостиг на ИТ кадар отсуство на информатички стратегии, неажурирани информатички политики и процедури за информатичка безбедност застарена серверска структура, рече Милошоски.

Тој потенцира дека не само што го увиделе недостатокот туку и на владата и го кажале решението.

– Ако владата внимателно го прочитала овој извештај од 2021 година денес немаше да го имаме најголемиот проблем во ФЗО и немаше да имаме најголемата здравствена несигурност во Македонија, каде што несигурни се лекарите, пациентите, и оние кои се соочуваат со ретки болести и сите оние семејства поврзани со вакви работи, многу пензионери зависат од редовно функционирање на фондот, изјави Милошоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy