Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милошоски: Борбата за реформи во судството ќе биде тешка 
Македонија

Милошоски: Борбата за реформи во судството ќе биде тешка 

12/03/2025

AA

Тоа што вчера СДСМ и ДУИ не гласаа за интерпелациите за Судскиот совет е доказ за тоа чии инсталации се овие петмина членови во РСС: Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и донаторката на СДСМ, Тања Чачарова, напиша на својот фејсбук профил, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Кого треба да заштитат ваквите инсталации во правосудството можеше да се види вчера во случајот тежок 168М€ со перење на пари преку канцероген мазут. Иако во оваа мега афера има и еден осомничен кој е во бегство (Васко Ковачевски, СДСМ), сепак синот на пратеникот од ДУИ, кој е еден од двајцата главни актери во случајот “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, откако обвинителот, по нечив налог, во последен момент го изменил предлогот.

Завчера пак, инсталациите на СДСМ и ДУИ во Судскиот совет, одлучиле дека најдобриот избор за в.д. претседател на Врховниот суд е Џемали Саити – судија кој има тесни врски со раководството на ДУИ.

Ова покажува дека борбата за реформи во правосудството ќе биде тешка, а инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе направат се за да остане “како до сега”. Затоа потребна е и поддршка од јавноста, меѓу другото и за поддршка на интерпелацијата како уставен принцип преку кој Собранието им изгласа недоверба на 5те членови на Судскиот совет. После оваа недоверба треба да биде јасно дека тие лица веќе немаат демократски легитимитет да учествуваат во работата и во одлучувањето на РСС.

Истиот ден за судија во Основен суд Гостивар избрана е Љеонора Јакупи, ќерка на бившиот член на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети (ДУИ). Пред само 2 години сопругот на Љеонора , зетот од Иџет Мемети, Илир Јакупи беше избран за јавен обвинител во ОЈО во Гостивар, во остото време кога сега осудениот негов дедо беше член на Советот на јавни обвинители.

Затоа борбата за реформи во правосудството нема да биде лесна, а инсталациите на СДСМ и ДУИ грчевито ќе се борат се’ да остане “како до сега”. Нивните пипци во судството и обвинителството се дел од проблемот, но главните упоришта на руинираниот правосуден систем се Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Затоа напорите за реформи во овие две битни институции мора да продолжат, за што е потребна и силна поддршка од јавноста.

За почеток треба да се промовира принципот дека уставниот механизам за интерпелација е демократска алатка за борба против непрофесионалното работење на одредени членови на Судскиот совет, како избрани функционери. Бидејќи на секој добар правник му е јасно дека откако Собранието им изгласа недоверба на 5те членови на Судскиот совет (Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова) тие лица веќе немаат демократски легитимитет да учествуваат во работата и во одлучувањето на РСС. Нивните оставки се единствениот демократски потег кој им стои на располагање“, вели Милошоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy