Милосављев ја „спушти ролетната“, Фуксе Берлин го декласира Пелистер (ФОТО)
Германскиот тим до 15. минута создаде солидна предност од 9-6, но потоа следеше нова криза кај македонскиот тим кој 12 минути не успеа да постигне гол, а во меѓувреме Фуксе Берлин зголеми на 15-9 на полувремето.
Пелистер не успеа да ја врати неизвесноста ниту во вториот дел, додека Фуксе Берлин успешно ги реализираше своите напади и го зголеми водството на девет голови (22-13), по што бундеслигашот триумфира со 30-22.
Дејан Милосављев беше извонреден на голот на Фуксе и запиша 14 интервенции, додека најефикасен во победничкиот тим беше Андерсон со седум погодоци. Во редовите на Пелистер најдобар беше Радивојевиќ со пет погодоци.
На последниот меч вечерва, Нант славеше против Кјелце со 23-20.