
Милко Ѓуровски: Сѐ би дал да заиграв и за Хајдук!
Ѓуровски жареше во 80-те години во бивша Југославија, потоа беше македонски репрезентативец, своевремено и тренер на Вардар, а остана запаметен како „предавник“ откако ги расплака звездашите со трансферот во Партизан, но сега открива дека имал шанса за оди во Хајдук и сѐ би дал да направел таков трансфер.
„Жал ми е што не играв за Хајдук. Спортски говорам, зашто тоа време Анте Младиниќ ме посакуваше, а после Ц. Звезда во бивша Југославија, за мене Хајдук беше најголем клуб. Не знаете дека одбив да одам за Милано против Интер кога тренер беше Бранко Станковиќ. Тогаш можев да одам во Сплит, ама ‘бате Стане’ не беше злопамтило и следниот меч ме стави да играм. Хајдук има сјајни навивачи, ама денеска тие се плеткаат со водење на клубот. Слично е и во Ц. Звезда и во Партизан, за разлика од Динамо кој е друг клуб, таму сѐ е поставено. Мамиќ сѐ среди, ама го тргнаа и сега сѐ ќе се одрази на репрезентацијата“, вели Ѓуровски.
Никогаш не криел дека е звездаш, ама го предизвика најголемиот фудбалски земјотрес со трансферот во Партизан.
„Звезда за мене е светост, ама Звезда до 1991 година. Мене Ц. Звезда ме створи, јас ја обожавам и мора сите да сфатат дека во бивша Југа, да играш во Ц. Звезда е врв, не мораш никаде повеќе, каков Реал, какви бакрачи. Тогаш Италијанци, Шпанци даваа сѐ за да играат во Звезда. И сите прашуваат зашто тоа го сторив, да одам во Партизан. Има сѐ, ама најмногу – сакав да бидам поинаков. Пари не ме интересираа, Динамо ми нудеше куќа, ама сакав да ме паметат, така тогаш размислував. Јас и додека играв за Партизан, навивав за Звезда“, додава Ѓуровски.
Тој посочува дека Лука Модриќ не е најдобар фудбалер на сите времиња на Балканот, зашто за него има подобар – Владимир Петровиќ – Пижон.
„Модриќ не може да се мери со Пижон воопшто. Пижон е три класи подобар. Кога ги гледам тие играчи, ја воопшто не знам што гледаат во него. Никој не гледа реално. Сите по команда имаат идентично мислење, како некој да им вели дека така – мора! Јас сум поинаков“, посочува Ѓуровски.
