
Милка орео се повлекува од македонскиот пазар, содржи делови од пластика!
Од продавниците се повлекува чоколаден бар Милка орео од 37 грама поради присуство на делови од пластика, информира Агенцијата за храна.
Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД Нелт.
Серискиот број на повлечените производи е OSK0934652 и има рок на употреба до 18.08.2024.
