Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЛИОНСКИ ЗАГУБИ: БиХ трпи штети поради поплавите
Економија

МИЛИОНСКИ ЗАГУБИ: БиХ трпи штети поради поплавите

21/10/2024

AA

Поради поплавите во БиХ на економијата ѝ се закануваат милионски загуби.

Трае борбата за оспособување на сообраќајната комуникација која со денови беше во прекин, а поради која стопанството на БиХ бележи повеќемилионски загуби. Секој ден се губат стотици илјади марки – поради прекинот на транспортот на роба со железница, чиј сообраќај е во прекин веќе 15 дена, по целосното уривање на пругата во Јабланица.

Загубите се сè поголеми на југот на БиХ, а во пристаништето Плоче во Хрватска на чекање се огромни количества суровини. Една од компаниите кои бележат милионски загуби е најголемата фабрика за кокс во регионот ГИКИЛ Лукавац. Патниот транспорт кој е едвај воспоставен во Јабланица не е решение, бидејќи трошоците во однос на железницата се многу поголеми.

„Југот и северот на земјата се буквално пресечени. Единствената железничка рута по која оди нашата суровина е пресечена и нема назнаки дека тоа брзо ќе се реши“, вели генералниот директор на ГИКИЛ Алним Суљиќ. 

Додава дека организирале камионски превоз на суровината за да го зачуваат производството.

„Во оптек се 115 камиони и ние за четири дена превезовме колку што превезуваме за еден ден со железница. Би морале да го намалиме производството, а ако вака продолжи тоа е неодржливо“, вели Суљиќ.

Алтернативни пристаништа не можат да бидат вклучени во овој момент, бидејќи со нив се потпишуваат долгорочни договори. Исклучок е пристаништето Бар, од каде би требало да биде префрлен дел од суровината, што повторно не е доволно.

Конкретно решение од надлежните институции уште нема, односно нема брзо решение со кое би се спречиле повеќе загуби. Претставниците на Железниците на Федерацијата БиХ и Надворешнотрговската комора на БиХ одржаа минатата недела состанок на кој беше одлучено, паралелно со оштетената пруга, во подрачјата погодени од катастрофалните поплави да се поправаат и патиштата.

На подрачјето на Бутуровиќ поље кај Јабланица е најдено телото на последната жртва на катастрофалните поплави кои на почетокот на месецот го погодија северот на Херцеговина. Бројот на жртвите во Јабланица, Коњиџ и Фојница се искачи на 27. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy