
„Милионерите“ по шопингот во Манчестер сега сакаат да „купат“ и фудбалер на Челси!
Станува збор за играч кој досега немаше доволно можности да се докаже во Челси, поради што е подготвен да замине на позајмица во клуб во кој би добил поголема шанса. На „милионерите“ им треба фудбалер кој може да игра како лев бек, но и како крилен напаѓач, а Холанѓанецот е идеален за системот на овој клуб.
Борусија е во завршни преговори со лондонци и се очекува овој трансфер да се реализира во текот на неделата. Матсен би бил вториот фудбалер од Премиер лигата кој зимава би дошол на позајмица во Дортмуд, по Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед.
