
Милик постигна хет-трик, Јуве си закажа полуфинале со Лацио
Херој на мечот беше полскиот репрезентативец Аркадиуш Милик кој постигна хет-трик пред триумфално да го напушти теренот. Прво погоди од пенал во 11. минута, потоа во 38. и во 48. за крај. Конечниот резултат го постави Јилдиз во 61. минута од мечот. Интересно е тоа што хет-трикот на Милик беше прв на фудбалер на Јувентус во Купот на Италија во последните 18 години, уште од Алесандро дел Пјеро кому тоа му успеа на 10 јануари 2006 против Фиорентина.
Во полуфиналето, Јувентус ќе игра против Лацио, но во оваа фаза се играат по два натпревара. Тие се на програмата во април, Јувентус ќе биде домаќин на првиот меч , а Лацио на реваншот.
