
Милевски и Ристовски гласаа за лауреатите – Меси и Скалони! (ФОТО)
Милевски во изборот за најдобар фудбалер гласаше за Лионел Меси, втор Килијан Мбапе, а трет Карим Бензема, додека во изборот за најдобар селектор гласаше за Лионел Скалони како најдобар, Дидие Дешан на второ место, а Карло Анчелоти како трет.
Ристовски во изборот за најдобар фудбалер не му даде глас само на Бензема од триото што беше номинирано, па гласаше за Лионел Меси, Лука Модриќ и Килијан Мбапе, додека кај тренерите, Ристовски гласаше за тие што беа главни номинирани – Скалони прв, Карло Анчелоти втор и Пеп Гвардиола како трер.