
Милев: Штета што не бевме комплетни, Чешка не е подобра од Холандија
Македонија загуби во три сета, но покажа дека има сила за Чесите, ако се врати пред сѐ Ѓорѓиев, кој е клучен во нашата селекција.
„Немавме среќа да бидеме комплетни за да можеме и подобро да ѝ парираме на Холандија. Хоалндија не е на ранг на Полска, можевме да играме со нив ако бевме комплетни, но… Сервисот им беше најмоќно оружје, го имаат еден од најмоќните сервисери, Абдел-Азис кој сервира бомби и тешко се игра, но на моменти покажавме достојна игра и ако бевме комплетни можеби можевме повеќе. .
Чешка е добра, но не е посилна од Холандија. Ако сме утре комплетни, може да очекуваме победа. Наша цел после пласманот во втора фаза, е да ја избегнеме Италија која е фаворит со Полска и Франција, и ако успееме да ја избегнеме, може да играме рамноправно со останатите. Се надевам дека може да се оствари таа наша желба и да се бориме за што подобар пласман.
Што ќе пресудува со Чешка? Добар сервис и прием и ако функционираат, ќе ни овозможи разноврсна играта, па ќе им бидеме голем проблем на Чесите“, рече Милев.