
Милев: Го направивме најголемиот успех, против Италија треба да уживаме
Со пласманот во нокаут фазата, македонските одбојкари направија историски успех за нашата репрезентација. Владо Милев е свесен за силата на Италија која е актуелен светски и европски шампион, Македонецот вели дека на тој меч треба само да се ужива бидејќи тоа е круна на нивните репрезентативни кариери.
„Кај нас сѐ уште трае еуфоријата, тоа што го направивме досега за нас е голем успех, пласманот во оваа фаза. Имавме долго патување, денеска е ден за одмор, а утре ќе имаме тренинзи и подготовки за Италија. Во тој меч ќе влеземе за да уживаме бидејќи играме со една од најдобрите репрезентации во светот и мислам дека тоа треба да биде круна на нашите репрезентативни кариери“, вели Милев.
„Против Италија нема што да бараме, тие се едни од фаворитите за освојување на Европското првенство, но наше е да излеземе на теренот, да го дадеме нашиот максимум, да уживаме бидејќи ретко се игра против вака силни репрезентации и треба кај секој од нас мотивацијата да биде на највисоко ниво и уште еднаш ќе кажам, да уживаме во овој натпревар“.
