Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Миленкоски: Овој меч да го заборавиме и да уживаме во првенството!
Спорт

Миленкоски: Овој меч да го заборавиме и да уживаме во првенството!

03/09/2023

AA

Македонија, очекувано, претрпе максимален пораз во три сета против фаворитот Полска, во третото коло од Европското првенство во одбојка. Никој не им правеше притисок на одбојкарите, ниту пак бара одговорност за поразот од репрезентацијата која освои две од последните три светски првентва, а на третото играше во финалето. Затоа и селекторот Јошко Миленкоски порача дека сега треба само да уживаат.

Тој накратко го раскажа мечот во кој Македонија најсилен и најконзистентен отпор пружи во вториот сет, кој го загуби со 22-25.

„Ова треба да го заборавиме, иако имаше и добри моменти. Во првиот сет бевме добри некаде до средина, потоа го поставија блокот и беше невозможно да се помине. Во вториот сет имавме добра игра до 21-21, се додека не направивме три лесни грешки. Третиот веќе беше рутина“, рече Миленкоски.

Тој денеска застана очи в очи со Бартош Курек, еден од најдобрите одбојкари на светот, чиј тренер му беше во сезоната 2017/18, во Зират Анкара, па добро знаеше дека нѐ очекува пеколна вечер.

„Денеска игравме против најдобрата екипа на планетата, против подобри не сум играл. Играв против еден поранешен мој играч, Бартож Курек, кој беше во моја екипа, потоа стана МВП на Светско првенство. Висок е 210 сантиметри и не можете да најдете против-игра на него. Тие сервираат со 120-130 на час. Можеби нашите симпатизери кои не следат толку одбојка ни ги знаат овие играчи, но тие што следат знаат против кого игравме. И другите репрезентации тешко играа против Полјаците. Ќе се обидеме повеќе на дуелите со Холандија и со Чешка. Можеби сме во осминафиналето, но едно црно сценарио вели дека и Црна Гора има уште шанси ако победи со некој од фаворитите. Но и ние имаме уште два наптревара. Сега дојде момент кога треба само да уживаме на ова Европско првенство против големи репрезентации’, дополни Миленкоски.

Македонија утре е слободна, а во вторник, во 17 часот игра против Холандија.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy