Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милена Стевановиќ сведочеше во суд и рече дека не знае колкав е процентот на починати од Ковид во земјава
Македонија

Милена Стевановиќ сведочеше во суд и рече дека не знае колкав е процентот на починати од Ковид во земјава

13/03/2024

AA

Поранешната директорка на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ беше на денешното рочиште против Клиника Жан Митрев, и како сведок на обвинителството кажа дека не знае колку лица починале од Ковид во Македонија, пишува Нетпресс.

Таа истакна дека нема официјална статистика за нејзината Клиника, односно дека уште ја чека, додека ни на државно ниво не знае колкав е процентот на починати од Ковид.

Не и е познато ни колкав е процентот на смртност на Клиниката Жан Митрев.

Како што пишува порталот, на директно прашање од Митрев поставено до неа, тој направи споредба дека на државно ниво смртноста е 51,6%, а на неговата Клиника 25%, додека пак Стевановиќ потврди дека некои методи меѓу кои и хемофилтрацијата се употребувале за бенефит на пациентите.

Екс директорката на Инфективна исто така не знае ни кои методи и како се користеле во лекувањето на ковид пациенти, додека пак за дел од нив и воопшто не се сеќава. Адвокатот на обвинетиот ја потсети дека дала изјава дека имала сугестии дека на лекот „Ивермектин“ треба да му се даде шанса, но Агенцијата за храна и лекови (ФДА) на САД кажала дека е лек за коњи и магариња и не треба воопшто да се дава на луѓе заболени од Ковид-19 вирусот.

Во однос на примената на хемофилтрацијата како метод за лекување на ковид пациенти, таа вели дека како член на Комисијата за заразни болести прочитала повеќе трудови иако не знаеше да даде бројка колку трудови има прочитано коишто се поврзани со хемофилтрацијата, вели дека има такви коишто даваат позитивно мислење за овој метод, до тој степен што и навистина вродиле со плод хемофилтрациите кај одреден број пациенти. Поранешната директорка не знаеше да каже од кога е одобрена методата и во кои случаи може да се применува.

Објасни дека една метода е рутинска кога се применува кај сите пациенти но одбегна да одговори на прашањето на одбраната дали ако хемофилтрација е применувана на 30% од пациентите дали таа метода е рутинска или не, исто од претходниот одговор беше јасно дека не е рутинска кога не се применува кај сите.

Извор: Нетпресс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy