Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Миле Бошњаковски, шеф на кабинетот на претседателот во претприемачки води: Ќе  „произведува“ нов алкохолен бренд во Македонија
Економија

Миле Бошњаковски, шеф на кабинетот на претседателот во претприемачки води: Ќе „произведува“ нов алкохолен бренд во Македонија

02/10/2023

AA

Семеен бизнис поврзан со Миле Бошњаковски, генерален секретар и шеф на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе пушти во продажба нов алкохолен бренд кој се произведува во неговото место на потекло – Галичник.

Во текот на изминатото лето семејниот бизнис на поранешниот портпарол на Владата регистрираше две подружници – една дестилерија за алкохол во Галичник, и уште една за дистрибуција на алхолни пијалоци. За краток период семејната дестилерија на Бошњаковски го брендираше првиот производ 

Сувиот џин White Ridge е првиот производ на дестилеријата „Галичник Спирит Лаб“ и замислено е да се најде на европскиот пазар како пијалок со традиционални карактеристики. Неговото рекламирање веќе е започнато на големо на социјалните мрежи, каде се најавува почетокот на продажбата.

„Дестилеријата Galichnik Spirit Lab е семеен бизнис, со две локации. Едната е во срцето на Галичник, каде се дестилираат специјалните изданија на пијалоците, а втората локација е во Скопје, каде што се наоѓа главниот магацин“, пишува на сајтот на бизнисот кој го води сопругата на Бошњаковски – Билјана Бошњаковска.

„Галичник Спирит Лаб“ под водство на Бошњаковска во текот на летото прво ја регистрираше детсилеријата како подружница, а потоа и продажната мрежа, односно магацинот, со што го најави своето производство. Компанијата најавува и други содржини за клиентите-туристи на планината Бистра од следната година.


Превземено од whiteridgegin.com

Инаку Бошњаковски во текот на 2017 беше именуван за прв портпарол на Владата  при промената на власта во 2017, а потоа по победата на Пендаровски на претседателските избори, во 2019 тој беше назначен за прв човек на неговиот кабинет.

Треба да се каже и дека Министерството за земјоделство во мај објави повик за финансиска поддршка на мали семејни дестилерии од програмата за финансирање микроземјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци како нова мерка за поддршка, која првпат почнува со реализација од оваа година. Како што беше објавено тогаш, субвенционирањето ќе се прави со цел зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки алкохолни пијалаци.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy