Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЛАНОВИЌ ЗА СРБИЈА: Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска
Регион

МИЛАНОВИЌ ЗА СРБИЈА: Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска

30/08/2024

AA

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги коментира „Рафалите“ кои Србија ќе ги купува од Франција. 

„Лудо е да се очекува дека Париз и Белград ќе склучат пакт против Загреб откако Србија објави дека ќе купи 12 нови француски борбени авиони „Рафал“, вели Милановиќ.

Тој ја искоментира посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Србија. 

„Точно, сè оди добро за Вучиќ. Нивна работа. Тоа се српски работни места, во позитивна смисла на зборот. Мене тоа не ме засега, а нам не нè засега“, изјави Милановиќ, пренесе Н1.

Хрватскиот претседател потоа се осврна на поновата историја и каде била Србија пред распадот на Југославија.

„Кога ќе погледнете каде беше Србија во 1990-тите, кој беше нејзиниот потенцијал, Војводина, Србија некаде до Крушевац на пример, тој средноевропски дел, неговиот степен на индустријализација, образование, работна сила, индустриска традиција, тие требаше да бидат поразвиени од Романија. Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска. И тоа е факт, тоа се бројки, а сè друго е парада“, рече тој.

За Милановиќ, договорот меѓу Србија и Франција за купување „Рафали“ тежок 2,7 милијарди е парада.

„Исто како што Србија купува француски и кинески првокласни противвоздушни системи, руските тактички оружја се можеби најдобри во светот… Ние немаме ништо од тоа. Значи, ја имате владата во Србија која се вооружува, а всушност се вооружува за една недела за некоја фиктивна војна која никогаш нема да избие, а Хрватска на ист начин се вооружува за помалку од една недела“, изјави тој.

На новинарско прашање за српската алијанса со Франција, Милановиќ рече дека не сака да зборува за тоа, бидејќи Хрватска е таа што е членка на НАТО.

Вучиќ денеска на белградскиот аеродром го испрати својот француски колега Емануел Макрон, кој беше во дводневна посета на Србија. 

„Одлуката на Белград да купи француски воени авиони е избор на Србија“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Инаку, во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра. Првиот шест од нив слетаа во Хрватска на 25 април оваа година. Авионите ги управувале хрватски пилоти кои 15 месеци се обучувале за нивно користење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy