МИЛАНОВИЌ: Никој од регионот нема да влезе во ЕУ, освен можеби Црна Гора
Според хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, никој од регионот нема да влезе во Европската Унија(ЕУ), освен можеби Црна Гора. Но, и за Црна Гора има сомнежи.
Вели дека државите од регионот добиваат само лажни ветувања.
„Никој нема да влезе во Европската Унија, можеби дури ни Црна Гора, а државите се измамени со лажни ветувања дека ќе станат членки на ЕУ за да не изнудат некои отстапки. Од другите се очекува да ја потчинат својата надворешна политика на европските интереси, а тоа е пресметка со Москва. Така се справуваме со Грузија, која има силен економски раст благодарение на својата географска локација“, рече Милановиќ на предавање пред студентите на Северниот универзитет во Копривница, објавува Загребски индекс.
Тој зборуваше и за глобалните предизвици и политичката средина, а пред сè за војната во Украина, за која рече дека е „војна на исцрпување“.
Но, европските лидери ветуваа дека Црна Гора и Албанија имаат шанси до 2027 година да се приклучат на ЕУ.