Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милановиќ бара Србија да воведе санкции за Русија ако сака влез во ЕУ
Регион

Милановиќ бара Србија да воведе санкции за Русија ако сака влез во ЕУ

02/05/2023

AA

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вели дека ако Србија сака да биде дел од Европската Унија(ЕУ) мора да воведе санкции за Русија. Тој му порача на Белград дека војната во Украина трае повеќе од една година, а тие сè уште не се изјасниле „каде се“.

„Србија ако сака во Европската Унија мора да го прекине овој вид односи со Русија, мора. Мора да воведе санкции“, изјави хрватскиот претседател.

Милановиќ додаде дека него го сметаат за русофил, но дека премиерот Андреј Пленковиќ „најнормално се сретнува и кова некакви големи, но доста нејасни планови со луѓето кои се руска платформа во Европа“. Вака ја коментираше средбата на Пленковиќ со српската премиерка Ана Брнабиќ во Бански двори во неделата.

„Брнабиќ е портпаролка, таа е курир на господинот (Александар) Вучиќ. Нормално, јас тоа не го потценувам, но треба да се знае кој игра каква улога“, кажа Милановиќ. 

Тој ја ја повика Србија како што кажа „да престане да тропа за етничкото чистење во Хрватска“. Брнабиќ во неделата учествуваше на собранието на Српскиот народен совет во загрепската сала Ватрослав Лисински.

Хрватскиот претседател вели дека Српскиот народен совет „не ги претставува Србите во Хрватска“, тоа е „измама и не е репрезентативна установа“. 

Инаку, неодамна тој изјави дека Србија е во шизофрена ситуација затоа што вели дека влегува во ЕУ, а не воведува санкции за Русија. 

Дури и европратеници побараа да се направи ревизија и да се види колку пари доделуваат на Србија, земја која рекоа дека поддржува антидемократски режими. 

Инаку, Милановиќ го нарекуваа и „човек на рускиот претседател Владимир Путин“, затоа што беше против тоа украински војници да се обучуваат во Хрватска. 

фото ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy