
Милано е разочарување на сезоната – по шест кола, закован на дното на табелата во Евролигата
Пред своите навивачи, Олимпија Милано загуби од Монако со 66-72 и остана на единствениот триумф, остварен против Олимпијакос на 17 октомври. Неизвесниот натпревар беше решен во последните 35 секунди. При водство на Монако од 67-66, Мајк Џејмс погоди тројка, а откако Маодо Ло ја загуби топката, Блосомгејм стави точка на мечот.
За разлика од Олимпија Милано која е најголемо разочарувањето, пријатно изненадување е Валенсија која ја победи Алба со 79-71 и со биланс во моментов е на второто место на табелата кое го дели со Фенербахче.
РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда – Баерн 74-68
Фенербахче – Олимпијакос 79-77
Жалгирис – Асвел 88-91
Милано – Монако 66-72
Валенсија – Алба 79-71
