
Милан Ристовски и Спартак Трнава вторпат по ред го освоија Купот на Словачка
Ристовски играше од 72-та минута кога го замени Коша, а четири минути пред крајот на регуларниот дел Спартак се избори за продолженија со гол на Таиво, за потоа во второто продолжение со два гола да дојде до победата. Паур даде гол во 111-та минута, а Тварџик во 120+4-та од пенал да ја запечати победата.
Спартак Трнава и лани го освои Купот на Словачка со победа против Слован по продолженија, а тогаш триумфираше со 2-1.
Постариот брат на Милан, Стефан Ристовски вчера се круниса со Динамо Загреб за старо-нов првак на Хрватска.



