
Милан потврди: Павловиќ четири години во црвено-црно
Меѓу „росонерите“, 23-годишниот дефанзивец оди од Салцбург кој за својот досегашен играч ќе наплати 18 милиони евра. Иако релативно млад, Павловиќ веќе смени шест клуба во кариерата бидејќи по дебито во Партизан, играше уште за Монако, Серкл Бриж, Базел, Салцбург и сега Милан. Повеќе од една година помина само во Салцбург каде настапуваше од 2022.
Последните четири години Павловиќ е стандарден член и на српската репрезентација за која забележа 38 настапи и постигна четири гола.