Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милан нема да регистрира истополови двојки како родители
Македонија

Милан нема да регистрира истополови двојки како родители

15/03/2023

AA

Италијанскиот град Милан престана да ги запишува изводите од странство во матичната книга на родените, во кои двајцата членови на истополови парови се именувани како родители на детето, јави АНСА.

Одлуката беше донесена откако префектот на Милано издаде окружно писмо за оваа практика врз основа на консултации со Министерството за внатрешни работи.

За овој потег, канцеларијата на префектот се повика на законот за медицински потпомогната репродукција, кој во Италија е дозволен само за хетеросексуални парови. Овој закон го прогласува и сурогат мајчинството за нелегално.

Одлуката повторно ја разгорува дебатата за конзервативната агенда на десничарската влада на италијанскиот премиер Џорџија Мелони, која дојде на власт како бранител на традиционалните христијански вредности и се спротивставува на родовата идеологија и лобирањето за ЛГБТ заедницата, забележува Ројтерс.

Италија ги легализираше истополовите граѓански заедници во 2016 година. Сепак, не им е дозволено да посвојуваат деца. Во отсуство на јасна легислатива за ова прашање, некои судови пресудиле во корист на истополовите парови да си ги посвојуваат децата, а градоначалниците на некои градови како Милано регистрирале сурогат раѓања за истополови парови.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, кој е левиот центар, рече дека ќе се придржува на наредбата на префектот, но дека ќе продолжи да се бори политички и двајцата членови на истополови двојки да бидат признати како родители на детето.

Постапките на владата беа критикувани од активисти на ЛГБТК+ заедницата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран

23/06/2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина

Трамп: Никој не треба да ги зголемува цените на нафтата!

23/06/2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy