
Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ – го заменува Климент Чепуњоски
Милан Кораќ е нов извршен директор за воздухопловна техника во државната компанија М-НАВ АД Скопје, која управува со воздушниот сообраќај и навигациските услуги во земјава.
Кораќ ја презема функцијата од Климент Чепуњоски, кој беше избришан од регистарот како овластено лице и член на Управниот одбор.
Според податоците од регистарот, Милан Кораќ е дипломиран инженер по електротехника.
Одлуката за разрешување на Чепуњоски и именување на Кораќ стапува на сила од 1 август 2025 година. Во регистрацијата се наведува дека М-НАВ има основна главнина од 1.552.034 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари по акција, што вкупно изнесува над 25 милиони евра.