
Милан ќе игра во ЛШ: Жиру му пресуди на Јувентус (ВИДЕО)
Јувентус имаше дури седум шанси во првото полувреме, но избраниците на Масимилијано Алегри не го најдоа патот до мрежата на Милан, па казната стигна во 40. минута кога Оливие Жиру погоди за 1-0.
What a cross and bullet header from Giroud😳🔥 pic.twitter.com/YyQ9A7VZ9w
— 🦅 (@nemaccer) May 28, 2023
„Старата дама“ го диктираше темпото и во вторите 45 минути и се закани дури девет пати кон голот на Мањан, но ниту еден од нив не беше доволно добар за да го совлада чуварот на мрежата на „росонерите“.
Милан е четврт во Серија А со 67 бодови, односно два помалку од Интер, додека Јувентус е на седмата позиција со 59 бода и мора да победи во последното коло, но и да чека киксови на Аталанта и Рома за да обезбеди пласман во Лига Европа.
