
Милан без Леао, Интер напаѓа со два центарфори – Џеко и Лаутаро (ФОТО)
Милан по 2007 година се бори за прво финале, а Интер од 2010 година во ерата на Жозе Мурињо и со Горан Пандев во тимот, а вечерва е првиот чин од епската битка во која „росонерите“ влегуваат без својот најдобар фудбалер Рафаел Леао.
Саелмакерс е замената во офанзивната тројка покрај Брахим Дијаз и Оливие Жиру во нападот на Милан, додека Интер тргнува со два центарфори – Един Џеко и Лаутаро Мартинез во формацијата 3-5-2 на Симоне Инѕаги.

