Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Михаилов на принуден „одмор“ по пет дена борба со пожарите
Македонија

Михаилов на принуден „одмор“ по пет дена борба со пожарите

21/07/2025

AA

По пет дена непрекината борба со пожарите во југоисточна Македонија, директорот на Национални шуми, Кире Михаилов, е хоспитализиран поради здравствени компликации предизвикани од исцрпеност. Веста ја објави самиот Михаилов на социјалните мрежи, каде упати емотивна порака до јавноста.

„ЕКИПО, поради тоа што сум хоспитализиран, одам на присилна пауза додека кажат докторите. И така, веќе една година откако сум назначен за директор, немам користено одмор, па штом не знам редовно – еве тогаш присилно“, напиша Михаилов.

Во истата објава, тој сподели и драматична случка од терен, во која лично помогнал при спасување на младо момче по име Славе, кое се нашло во животна опасност при гасење на пожарот.

„Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене, а беше паднат на линијата на огнот од вдишување чад, бранејќи ја викендицата на чичко му“, вели Михаилов. Тој изрази надеж и за неговите блиски, кои останале заглавени на терен, опколени од сите страни од пламените јазици.

Михаилов упати голема благодарност до припадниците на МВР, специјалната единица и пилотите на хеликоптерите, кои со, како што рече, „прецизни фрлања“ успеале да спречат огнот да стигне до нив. Посебен поклон упати до командирот на СВР Струмица, Никола, кој заедно со своите луѓе, направил „буквално невозможното“.

И покрај личните здравствени проблеми, Михаилов рече дека не жали што е во болница, туку жали што огнот, по пет дена надчовечка борба, успеал да навлезе на територијата на општина Радовиш.

„За кратко се гледаме повторно онаму каде што ќе бидам најпотребен – рамо до рамо со нашите сограѓани, во добро и зло. Да сте ми живи, здрави и среќни сите, а нашата Македонија да ни биде вечна!“, заврши Михаилов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy