Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицотакис прогласи победа во Грција
Регион

Мицотакис прогласи победа во Грција

22/05/2023

AA

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис прогласи победа на вчерашните парламентарни избори, велејќи дека има мандат да формира силна, независна влада.

Прелиминарните резултати покажуваат дека конзервативната Нова демократија на Мицотакис има најмногу гласови на изборите, но и дека нема доволно мнозинство за сама да формира влада.

„Милиони грчки граѓани гласаа за Нова демократија. Одличниот резултат ја покажува волјата на граѓаните кои ни дадоа согласност за политичка независна влада. Народот побара нешто друго – да се движи побрзо на патот на напредокот и големите реформи“, рече Мицотакис. Тој оцени дека „надежта ја победи суетата, а единството ги победи поделбите“.

„Трогнат сум од тешката одговорност што ја имам на моите плеќи, одговорност за која сум повикан да работам уште повеќе за да ја оправдам довербата што ми ја дадовте. Тоа е јасен мандат за новиот четиригодишен период“, додаде Мицотакис.

АП наведува дека врз основа на повеќе од 60 отсто од преброените гласови, Нова демократија е прва со околу 40 отсто од гласовите, а Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас со околу 20 отсто.

Но, според новите изборни правила засновани на принципите на пропорција, за да може една партија самостојно да формира влада, треба да има околу 46 отсто од гласовите, а доколку не се формира коалициска влада, следните избори може да се одржат на крајот на јуни или почетокот на јули

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45790
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560 оператори, изречени казни од 19.430

25/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Софија одговори на идејата

25/09/2026

Пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции,

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На ВМРО-ДПМНЕ му одговара токму тој

25/09/2026

Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија, порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy