
Мицкоски запали свеќа кај Смилковско езеро: Трагедија која не смее да биде заборавена и правда која мора да биде изнесена
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети споменикот кај Смилковското езеро, кој е поставен откако на ова место пред 11 години се случи грозоморен чин во кој настадаа пет лица.
„Годишнина од грозоморниот чин кога на подмолен и ѕверски начин згаснаа животите на 5 луѓе. Трагедија која не смее да биде заборавена и правда која мора да биде изнесена. Слава им!“, напиша Мицкоски.