Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Законот за амнестија треба да се повлече
Македонија

Мицкоски: Законот за амнестија треба да се повлече

05/10/2023

AA

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повтори партискиот став во однос на Законот за амнестија дека треба да се повлече од собраниска процедура.

– Нашиот став е јасен, познат, условите се тие. Тој закон треба да се повлече. Вака како што се борат да ги амнестираат криминалците, наркодилери, насилници, изнудувачи итн., помагатели во оној случај грозоморен „Монструм“, да се бореа за државата немаше да бидеме последни според стандардот и први по инфлацијата, но за жал, оваа Влада ги интересира се само не народот и државата. Но, повторно ќе кажам е што добрата вест е дека ова ќе трае уште неколку месеци, веќе не се години, месеци се во прашање, недели се во прашање, а потоа треба да се свесни дека ќе има одговорност. Треба да се соочат со одговорност, рече Мицкоски на новинарско прашање по посетата на Општина Кисела Вода.

Претходно тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија кој е во процедура по скратена постапка, а доколку се случи власта да го стави со европско знаме најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието.

Не го коментира Предлог законот за помилување, што го достави до Владата Министерството за правда, посочувајчи дека „не го виделе“, а во однос на предлог законот за игри на среќа кој е во собраниска процедура смета дека е злоупотребено европското знаменце и очекува реакција од претставниците од ЕУ и САД.

– Сведоци сме изминативе денови со кои луѓе се уортачиле во овој бизнис. Јавноста е сведок со кои луѓе се уортачиле во овој бизнис, така што единствено европско за нив во случајов и проамеричко е тоа што ги предаваат националните интереси на македонскиот народ и Македонија. Но, кога станува збор за бизнис, за коцкање и слично тогаш немаат проблем да се уортачат со луѓе коишто се на црната листа на САД и да си тераат бизнис. Така што, ценам дека злоупотребата на европското знаме уште еднаш треба да биде коментирана од европски претставници иако и од нив не очекувам премногу, вели Мицкоски според кого единствен фактор на влијание врз власта се токму претставниците на меѓународната заедница.

Прашан за став во однос на очекувањата идната година платите на функционерите да се зголемат за дополнителни 400 евра поради зголемената просечна плата која се исплаќа во текот на годината, Мицкоски рече дека „идната година ќе има нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе нов правилник на исплата на плати и нивелирање на коефициентите и нова методологија“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy