
Мицкоски за пропаднатата еврообврзница: Настан без преседан, кој повторно граѓаните ќе го плаќаат
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека пропаѓањето на еврообврзницата од 600 милиони евра, е настан без преседан, кој повторно граѓаните ќе го плаќаат, но во исто време вели на државата и е нанесена финансиска штета но и срам.
„Не е битно дали е потписот на министерот што е сменет или нешто друго, едноставно е нарушен кредибилитетот на државата, нанесен е трошок кој што на крајот од денот ќе го плаќаат граѓаните, срамот кон овие 41 % од инвеститорите овие фондови од Северна Америка, трошокот кон тие четири банки, трошокот кон оние компании и куќи кои што вршеле промоција на оваа еврообврзница, со еден збор срам и една катастрофа што ота практично се пресликува на секое ниво во државата“, вели Христијан Мицкоски.