
МИЦКОСКИ ЗА МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА: Во јануари не пробав диња, лубеница, грозје, не испив 250 грама лименка нес кафе, не пушам цигари
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се потребни интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри.
Мицкоски објасни дека некои производи во сегашната минималната кошница му се чудни, истакувајќи дека не е логично да има цигари и дека тој во јануари не пробал цреши, праски, дињи, лубенци.
„Јас ја добив таа методологија и ја читав и забележав таму работи кои навистина мене ми делуваа многу чудни. Еве јас во јануари дел од овие прооизводи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, цреши, кајсии, праски, не испив 250 грама лименка нес кафе, не пушам цигари, а таму се и цигари бидејќи малку е нелогично да имате цигари во минимална кошничка. За да не бидеме ние тие што ќе го надсинхронизираат она што е работено од синдикатот“, рече Мицкоски.
Инаку, вчера немаше договор околу минималната плата. Работниците очекуваат дека во март ќе има зголемување на минималецот. Едно четиричлено семејство не може да го помине месецот без 1.000 евра. Синдикатот претходно бараше минималецот да се зголеми на 450 евра. Сите земји од регионот имаат повисок минималец од македонскиот.

